RASR - Регионален пристап кон намалување на резервите на оружје - Шеста работилница на RASR
 
English | BCMS | Български | македонски | Română | Shqip | Slovenščina

Деветта работилница на RASR

3 – 4 октомври во Подгорица, Црна Гора

Деветтата работилница за намалување на резервите на оружје во Југоисточна Европа (RASR) за конвенционално оружје и муниција ќе се одржи од 3 – 4 октомври во Подгорица, Црна Гора.
Работилниците на RASR се можност претставниците на Министерствата за одбрана и Генералштабовите да ги споделат најдобрите практики, да изградат добри односи и да дознаат за техничката и финансиската помош којашто е достапна за управување со резервите на оружје во регионот.
Претстојната работилница е финансирана од страна на Европската Унија преку нејзината Одлука на советот 2016/2356/CFSP и ќе се фокусира на темите поврзани со напредокот, предизвиците и приоритетите при уништувањето на вишокот муниција и управувањето со резервите на оружје, вклучително и усогласување на безбедносните барања за складирање муниција.
Меѓу поканетите има претставници од Министерствата за одбрана од регионот, како и претставници од земјите-донатори и меѓународните организации вклучени во оваа област.
Работилниците организирани преку оваа регионална иницијатива претставуваат уште еден чекор во зајакнувањето на националните способности за справување со заканите предизвикани од вишок, нестабилни, небезбедни или други ризични резерви на конвенционално оружје и муниција преку регионална соработка и размена на експертизи во Југоисточна Европа.