English | BCMS | Български | македонски | Română | Shqip | Slovenščina

Партнери

   

Office of Weapons Removal and Abatement

Канцеларијата за отстранување и намалување на оружјето на Министерството за надворешни работи на САД (PM/WRA) создава локални, регионални и меѓународни услови кои водат кон мир, стабилност и просперитет, спречувајќи незаконско ширење на конвенционалното воено оружје, како што е лесно автоматско оружје и рачни противтенковски фрлачи на гранати, и отстранувајќи други, како што се нагазни мини и напуштени складови со муниција, кои остануваат и предизвикуваат опасност по прекинување на воен конфликт.
   

DTRA - Defense Threat Reduction Agency

DTRA е официјална агенција за поддршка на борбените дејства на Министерството за одбрана на САД против примена на оружјето за масовно уништување (WMD). Агенцијата се занимава со цел спектар хемиски, биолошки. радиолошки, нуклеарни закани и закани од високи експлозиви. Програмите на DTRA вклучуваат основни научни истражувања и развој, оперативна поддршка на борбените дејства на САД на првите линии, како и сопствени експерти за оружје за масовно уништување, со цел предвидување и ублажување на идни закани пред тие да имаат можност да им наштетат на САД и на нивните сојузници.
   

International Trust Fund

Од својот почеток во 1998. година, организацијата ITF Enhancing Human Security (Меѓународен заштитен фонд за подобрување на безбедноста на луѓето, порано познат како International Trust Fund for Demining and Mine Victims Assistance 1998–2011 (Меѓународен заштитен фонд за разминирање и помош на жртви од мини 1998-2011)) ја развива својата мисија и го проширува опсегот и географскиот досег на своите активности за да ги одрази промените во подрачјето на безбедноста на луѓето. Од почетната посветеност кон собирање средства и управување со проекти во врска со мини во Југоисточна Европа, ITF се разви во светски позната хуманитарна организација благодарение на довербата што ја доби од пошироката заедница на донатори. Потпирајќи се врз своите успеси, ITF значително го прошири своето делување, со операции коишто моментално се во тек во јужен Кавказ, Централна Азија, Латинска Америка и Блискиот исток. Поаѓајќи од намалената опасност од мини и неексплодирани убојни средства, ITF го проширува својот фокус на други предизвици од критично значење за безбедноста, во најголем дел преку поддршката за уништувањето на конвенционалното оружје, реформата на безбедносниот сектор, разоружувањето, демобилизацијата и повторната интеграција.
   

NSPA

Агенцијата за поддршка на НАТО (NATO Support and Procurement Agency - NSPA) е агенција за интегрирана логистика и давател на услуги на НАТО каде што се соединети поранешните: Агенција за одржување и набавки на НАТО (NAMSA), Агенција за управување со гасоводот во централна Европа (CEPMA) и Агенцијата за управување со воздушните патишта на НАТО (NAMA). NSPA е агенција којашто целосно ја финансираат клиентите и работи врз основата „без профит – без загуба“. Има 1200 вработени и седиштето ѝ е во Големото Војводство на Луксембург (Капелен) со оперативни центри во Луксембург, Франција, Унгарија и Италија. NSPA е извршно тело на Организацијата за поддршка на НАТО (NSPO) во која што се членки сите 28 нации во НАТО. Тие нации се претставени во Одборот за надзор на Агенцијата NSPO (ASB) којшто ги насочува и контролира активностите на NSPA. NSPA ги обединува во една организација активностите во однос на поддршката за набавките и логистиката во НАТО со што се овозможуваат интегрирани мултинационални решенија за поддршка на своите акционери. Нејзиното создавање е во рамките на новиот пристап на НАТО за да се одбрани од трошоци во тешки времиња и е наречен Паметна одбрана каде Паметната поддршка е клучниот елемент.
   

OSCE

ОБСЕ е најголема организација за регионална безбедност во светот, чии 56 земји учеснички се протегаат на географска територија од Ванкувер до Владивосток.
 

RACVIAC

RACVIAC - Центарот за соработка во безбедноста е меѓународна, независна, непрофитна академска организација во регионална сопственост, со мисија да ги поттикнува дијалогот и соработката во однос на прашањата за безбедност во Југоисточна Европа преку партнерство меѓу земјите од регионот и нивните меѓународни партнери.
   

SEESAC

Клиринг-центарот за контрола на рачното и на лесното оружје во Југоисточна и Источна Европа (South Eastern and Eastern Europe Clearinghouse for the Control of Small Arms and Light Weapons) (SEESAC) има мандат од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и од Советот за регионална соработка (RCC) да ја унапредува поддршката на сите меѓународни и национални заинтересирани субјекти со зајакнување на националните и на регионалните капацитети за контрола и со намалување на ширењето на оружјето и на злоупотребата на рачното и на лесното оружје, и на тој начин придонесува за зголемена стабилност, безбедност и развој во Југоисточна и во Источна Европа.
   

Small Arms Survey

Проектот е независен истражувачки проект лоциран во Високообразовниот институт за меѓународни и развојни проучувања (Graduate Institute of International and Development Studies) во Женева. Швајцарија. Тој претставува главен меѓународен извор на јавни информации за сите аспекти на рачното оружје и на оруженото насилство, и ресурсен центар за владите, креаторите на политиките, истражувачите и активистите. На проектот работи меѓународен персонал со стручност во безбедносните студии, политичките науки, меѓународната јавна политика, правото, економијата, развојните студии, решавањето на конфликти и во социологијата.
   

Swiss Implementation and Verification Unit